Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се постојана цел на терористите, герилските групи и други криминалци во повеќе региони низ светот за киднапирање за изнудување или за политички цели.
„Терористичките групи, вклучувајќи ги и Исламска држава и Ал Каеда, нивните соработници и оние инспирирани од такви организации, имаат намера да ги напаѓаат граѓаните на САД каде и да се низ светот”, се вели во предупредувањето.
Во извештајот, исто така, се истакнува дека терористите почнале да користат помалку софистицирано оружје, вклучувајќи ги и пиштолите и возилата, и напаѓаат во толпите народ.
Освен тоа, екстремистите имаат за цел да ги напаѓаат “меките цели“, како што се јавни настани од висок профил, хотели, религиски објекти, училишта, туристички локации, пазари, аеродроми, клубови и ресторани, се вели во предупредувањето.