Доскорешниот играч на Колорадо универзитетот од американската НЦАА-лига, Џош Скот (23 год, 208 см) е најновата аквизиција на МЗТ Скопје Аеродром во летниот преоден рок.
Крилниот центар за време на четиргодишната НЦАА кариера има остварено над 1.700 поени, 900 скока и сто блокади по натпревар.
Џош Скот е трето засилување за македонскиот шампион во летноиот преоден рок, откако претходно во тимот пристигнаа Холанѓанецот Шарлон Клоф, а Ѓорѓе Дреновац го продолжи договорот на уште една година.