6 C
Skopje
недела, април 14, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Американецот Пејџ е нов кошаркар на Карпош Соколи

    Екипата на Карпош Соколи ќе биде осетно засилена во следниот период во натпреварите од АБА и од БИБЛ-лигата, откако беше официјализиран договорот со Американецот Џејсиан Пејџ (22 год., 188 см).

    karpos_sokoli

    Станува збор за кошаркар кој игра на двете бековски позиции и кој на тренерот Драган Николиќ ќе му донесе далеку поголема доза на сигурност во играта, особено во организацијата на нападите. За Пејџ ова е прва европска сезона, која ја почна во германскиот второлигаш Етингер рокетс. Претходните две години, тој беше носител на играта на Универзитетот Вест Вирџинија, каде што во последната сезона имал просек од 14,3 поени.

    Американецот се очекува да пристигне во Скопје во текот на следните денови, што значи дека нема да биде во составот на „соколите“ на утрешниот меч против Цедевита на домашен терен, но дека ќе биде целосно подготвен за да даде сѐ од себе во обидот да се совлада Задар на гостински терен во наредниот викенд во склоп на АБА-лигата.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.