Амбасадорот на Турција во Вашингтон го возврати ударот кон сенаторот од САД поради коментарите дека тој ја поддржува терористичката група ПКК, негирајќи дека Курдите во Сирија се терористи.
Сердар Килиџ упати критики кон сенаторот Боб Менендез кој лажно ја оцени терористичката група како најблизок сојузник на Вашингтон.
„За ваша информација, групата YPG/PYD не ги претставува сириските Курди“, изјави Килиџ на Твитер.
„Прашајте ги оние 300.000 Курди од Сирија кои избегаа од насилствата и се сега бегалци во Турција. Тие се уште не можат да се вратат во своите домови во Сирија бидејќи вашите „сојузници“ не им го дозволуваат тоа“, додаде Килиџ.
Менендез е познат по своите анти-Турски изјави, а во скоро време беше против скорешната одлука на Доналд Трамп да ја повлече војската од Сирија, опишувајќи го потегот како „погрешен“.
„Со наглото повлекување на американската војска од Сирија, кабинетот на Трамп ги напушта Курдите, кои се наши најблиски сојузници во борбата“, изјави Менендез.
„Сенаторот треба да научи повеќе на оваа чувствителна тема“, вели Килиџ.
„Она што вие го дефинирате како „Курди, нашите најблиски сојузници“ е група која е огранок на ПКК, терористичка група која е принаена како таква и од страна на САД“, додава амбасадорот.