Бројот на загинати во вчерашната сообраќајна несреќа, според се уште неофицијални информации, се искачи на 15 откако ноќеска на повредите им подлегнал уште еден од потешко повредените патници во автобусот.
Несреќата се случила кога автобус на гостиварската фирма „Дурмо турс“ со преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.
На местото на настанот загинаа 7, а подоцна на тешките повреди им подлегнаа уште 8 патници.
Во 12 часот денеска вонредна седница по повод трагичниот настан ќе одржи Општина Гостивар. Се очекува советниците да донесат одлука за прогласување тридневна жалост во знак на почит кон загинатите.
Денеска и утре, 14 и 15 февруари, се прогласени за денови на жалост.