Актерот Алек Болдвин (60) во средата призна дека е виновен за малтретирање и се согласи да посетува курс за контрола на бесот откако беше уапсен бидејќи го удрил возач што го зазел неговото паркинг-место.
Њујоршкиот актер беше ослободен по судското сослушување во Менхетен, под услов да заврши краток курс за контрола на бесот до следната расправа на 27 март, рече обвинителот. Болдвин, познат по својата раздразливост, не даде изјава за новинарите по напуштањето на судот.
Тој беше уапсен во ноември, откако го нападна човекот што го паркирал автомобилот на местото кое актерот побарал некој да му го причува.
Болдвин беше обвинет за вознемирување и физички напад, но по преговорите со тужителот тој ја призна вината за вознемирување, изјави портпаролот на обвинителството.
Алек е во втор брак со фитнес-тренерот и велнес-експерт Хилари Болдвин (34), со која го доби синот Ромео Алехандро Дејвид во мај.
Освен четиримесечното бебе, сопружниците ја имаат ќерката Кармен Габриел (4) и синовите Рафаел Томас (2) и Леонард Ангела (1). Алек и Хилари се венчаа во 2011 година, а актерот претходно беше во седумгодишен брак со Ким Бесинџер (64) со која ја има ќерката Ирланд (22).