Конфликтот меѓу Меган Маркл и нејзината полусестра Саманта не престанува, па нов скандал ја тресе Британија.
Меган и принцот Хари неодамна во Лондон ја посетија изложбата посветена на Нелсон Мандел и му оддадоа почит, што беше повод Саманта јавно да ѝ се обрати на војвотката од Сасекс.
„Им оддаваш почит на другите што веќе ги нема, но не и на твојот татко? Однесувај се како хуманитарка и како жена. Ако умре нашиот татко, тебе ќе те сметам за виновна Меган”, напиша на социјалните мрежи Саманта Маркл.
Меган Маркл и нејзиниот татко Томас Маркл долго време не се во добри односи, а Саманта ја обвинува својата полусестра за неговото лошо здравје.