Во Србија постојат жени кои сопрузите им оставаат по 200 динари со наредба за тие пари да подготви комплетен ручек, и такви на кои им се ускратува правото на лична хигиена“, додека за детерувањето и купувањето на гардероба не може ни да размислуваат, им се брани да работат и слободно да располагаат со сопствените примања.




Сето тоа спаѓа во категоријата економско насилство, кое во повеќето случаи доаѓа заедно под рака со психичкото и физичкото малтретирање.




Весна Станојевиќ кординаторка на безбедносните куќи, за српски Телеграф вели дека главниот мотив на насилниците е да воспостави моќ и контрола над својот партнер/ка.




„На овој начин на жртвите им се ускратува слободното движење, гледање со пријателите, можноста да самостојно носат одлуки, па дури и на пример, низ купување на подароци да покажат наклоност и љубов кон децата“, објасни таа и нагласи дека овој облик на насилие воглавно се јавува на почетокот на врската и дека со време ескалира.




Адвокатот Тијана Костиќ објасни дека кај жртвите како последица на трпењето на економското насиле се јавуваат егзистенцијалните загрозености, па самопочитта, и духовното патење, кое свесно го предизвикува насилниот партнер.




„Казнената политика не се менува, така да во член 194. од Кривичниот законик пишува дедка секој кој ќе примени насилство, се заканува дека ќе нападне по животот или телото на личноста и со своето дрско однесување го загрозува спокојството, телесниот интегритет или душевната состојба на членовите на своето семејство, може да се казни со затвор во траење од три месеци до три години“, заклучува Костиќ.