Граѓаните да не возат по новиот автопат Миладиновци – Штип се додека не завршат сите неопходни проверки и додека официјално не биде пуштен во употреба.
Иако во медиумите кружеше информација дека автопатот кој што ќе го спојува главниот град со истокот на државата треба да биде пуштен во употреба утре, сепак министерот за транспорт Горан Сугарески вели дека автопатот ќе биде пуштен за скоро време, но тоа нема да биде викендов.
Автопатот Миладиновци – Штип почна да се гради во 2014 година. По неколку одлагања, требаше да биде готов и пуштен во употреба минатата есен.
„Градежните активности на автопатот Миладиновци – Штип во сите три секции се комплетно завршени. Автопатот е многу важно да биде пуштен во употреба и тоа ќе се случи, меѓутоа поважно е уште еднаш да се извршат безбедносни проверки по сите елементи на автопатот и тоа ќе се случи во наредните денови, се со цел сите возачи и граѓаните бидат безбедни кога возат по тој пат. Ќе биде во скоро време пуштен, но сакам да испратал апел патот додека не биде пуштен возачите да не го возат“, рече Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
Извор: Alsat-M