Тешко повреден 69-годишен велосипедист од Свети Николе, во кого синоќа, на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај село Пеширово, удрил со автомобилот 33-годишен светиниколчанец.
Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.