6 C
Skopje
сабота, февруари 8, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Австријците за Божик подариле речиси милијарда евра во готовина

За овогодишната прослава на Божик, Австријците најмногу си подарувале пари, така што речиси секој втор добил паричен подарок во пари.

Паричните подароци биле со просечна висина од 256 евра, покажуваат истражувањата.

Истражувањето на порталот „durhbliker.at“ покажува дека под елките ширум Австрија како подарок биле оставени околу 963 милиони евра во готово.

Тројца од четворица Австријци, подарените евра веднаш ги потрошиле, а помал број се решиле да ги штедат.

Според истражувањето, паричните дарови се почести кај постарите луѓе отколку кај помладите.

„На Божик имаме значителен трансфер на пари од постарата кон помладата генерација. Сепак, најголем дел од овие пари веднаш го наоѓаат својот пат до продавниците“, појаснил директорот на порталот што го вршел истражувањето.

На второто место за најподарувани подароци се ваучери за продавници, потоа бонови за активности или патувања, па книги, филмови, игри итн.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.