Организаторите на Австралија опен објавија зголемување на наградниот фонд на првиот календарски гренд слем турнир за фантастични 10 отсто.

Целосниот награден фонд расне на 55 милиони австралиски долари (42.8 милиони американски долари) во 2018 година, а шампионите на турнирот ќе добијат 4 милиони австралиски долари.

За 2018 организаторот Крег Тајли објави голем број на нови иницијативи, вклучувајќи нов објект за тенисерите и посебни случувања во квалификациската недела, со 15-дневни концерти почнувајќи на 14 јануари.

Во јули, САД опен ја потврди позицијата на најбогат турнир со награден фонд од 50.4 милиони долари за 2017. Вимблдон оваа година имаше буџет од 41.7 милиони долари, додека Ролан Гарос нудеше 36 милиони евра.