6 C
Skopje
понеделник, април 15, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Авион слета принудно поради пукнат прозорец

    Авионот на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ на линија од Чикаго за Њу Џерси принудно слета во Кливленд поради пукнатина на еден од прозорците. Леталното безбедно се спушти на пистата, при што нема повредени.

    Компанијата наведе дека авионот бил префрлен на технички преглед поради оштетување на еден од повеќесјлојните прозорци, како и дека вработените се обидувале да ги сместат 76-те патници во ново летало.

    Пред две недели авион на релација од Њујорк до Далас, вонредно слета во Филаделфија поради оштетување на облогата на левиот мотор и скршен прозорец.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.