Дебитанската сезона во АБА лигата, во која изборија опстанок, кошаркарите на Карпош Соколи ја завршија со пораз во Сремска Митровица од екипата на Мега Лекс 82:69 (15:20, 25:22, 22:18, 20:9).
Карпош Соколи деби настапот во АБА лигата го завршија со 10 победи и 16 порази, изборија опстанок што и беше примарната цел пред почетокот на сезоната. Во Сремска Митровица екипата на Драган Николиќ го контролираше натпреварот до 27.минута во која имаше предност од 50:58.
Останатите 13 минути му припаднаа на домашниот тим, чии кошаркари третата четвртина ја завршија со серија 12:2 за 62:60, а победникот го решија во воведните минути од последната четврина со нова 11:3, кога прв пат имаа двоцифрена предност 73:63.
Бојан Трајковски беше најефикасен во редовите на Карпош Соколи со 17 поени но со лоша реализација 8/17, додека Драган Лабовиќ забележа 14 поени и девет скокови.
Раде Загорац, кој го креираше пресвртот на Мега Лекс, мечот го заврши со 19 поени, девет скокови и по три асистенции украдени топки.