Кошаркарите на Будуќност, во Загреб, ја совладаа Цедевита 80-70 во натпревар со кој беше отворена новата сезона во АБА лигата. Во вториот меч кој се одигра во четвртокот вечерта Мега Лекс во драматична завршница ја совлада Олимпија со 86-85.
Новата сезона во АБА лигата беше отворена со дербито во Загреб, помеѓу фаворитите за висок пласман Цедевита и Будуќност. Победата ја однесе црногорскиот првак, најмногу поради убедливата игра во третиот период кој му припадна со 29-16.
Маркус Вилијамс (12 поени, 11 асистенции) и Борис Савовиќ (11 поени, 10 скокови) имаа по дабл-дабл учинок кај победникот, во чии редови најефикасен беше Врањеш со 22 поени. Цедевита ја предводеше Дејвид Стоктон со 26 поени. Синот на славниот плејмејкер на Јута Џез, Џон Стоктон, постигна 26 поени, од кои 10 во втората четвртина.
Вториот меч кој се одигра во Сремска Митровица, помеѓу Мега Лекс и Олимпија донесе незивесен меч кој во финишот го доби домашниот тим. Олимпија имаше двоцифрена предност, но Мега успеа да направи пресврт и да триумфира со поените на Алфа Каба од линијата за слободни фрлања постигнати на 14 секунди до крајот на мечот.
Каба мечот го заврши со 17 поени и седум скокови, а најефикасни кај победникот беа Загорац и Јарамаз со по 18 поени. Џеферсон ја предводеше Олимпија со 21 поен.